Министерот Шапуриќ оствари средба со менаџментот на „Ариљеметал“

Од:

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ ја посети фабриката „Ариљеметал“ каде го запозна менаџментот со мерките што Владата ги планира за идните инвеститори и за изедначување на домашните со странските инвеститори.

Посетата на фабриката е реализирана вчера, а од страна на менаџментот министерот Шауприќ бил информиран за работењето и производствениот процес, како и за инвестициите што компанијата ги реализирала во Србија и Бугарија.

– Притоа, менаџментот на компанијата ги изнесе своите идни планови за инвестиција и развој во производствениот процес во Република Македонија, но и проблемите со кои се соочуваат при своето работење и непречено реализирање на зацртаните планови, се наведува во денешното соопштение од Кабинетот на министерот Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија