Министерот Сарачини во работна посета на Косово

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово.

За време на посетата Сарачини ќе се сретне со косовскиот министер за инфраструктура Феми Мујота, со министерот за економски развој Фадил Исмаили и со министерот за финансии Бесим Беќај.

На средбите ќе бидат разгледани актуелните и идните проекти кои ќе придонесат за интензивирање на соработката меѓу Македонија и Косово.

Косово е значаен трговски партнер на Република Македонија и е земја со која остварува најголема трговска размена. Целокупната трговија меѓу двете земји се одвива слободно и без царина.

Во 2011 година трговската размена меѓу Македонија и Косово изнесувала 576,9 милиони американски долари со суфицит на македонска страна од 504,8 милиони долари. Во 2012 година размената достигна до 420,8 милиони долари, а суфицитот опадна на 363,8 милиони долари. Во првите пет месеци од годинава трговската размена изнесува 122,4 милиони долари и се бележи суфицит од 99,9 милиони долари.

Најмногу од Македонија во Косово се извезува нафта и нафтени деривати по што следат лекови, тутун, пекарски производи и цемент, додека најмногу се увезуват заварени цевки, минерална и газирана вода и безалкохолни пијалаци, остатоци од легиран челик и пластични маси.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана