Министерот Сарачини ја посети индустриската зона Визбегово

Од:

Многу значајна индустриска зона во која што работат преку 200 компании, има годишен обрт од околу 200 милиони евра, а вработени се речиси 2 илјади лица. Заедно со сезонските работници бројката на вработување во Индустриската зона Визбегово достигнува и до три илјади, нагласи министерот за економија Ваљон Сарачини, денеска за време на посетата на индустриската зона Визбегово.

– Денеска присутен за да воспоставиме подобра врска меѓу Владата и Индустриската зона Визбегово и да покажеме еден проактивен пристап на Владата. Освен тоа што се грижиме за странските инвеститори, ние се грижиме и за нашите домашни инвеститори коишто реално даваат огромен придонес за конкуретноста на домашната економија, но и за отворање нови работни места, изјави Сарачини.

За време на денешниот состанок со министерот за економија бизнисмени од повеќе компании ги презентирале нивните барања, за кои Сарачини ветил дека ќе бидат разгледани во сите надлежни институции на кои се однесуваат.

Министерот Сарачини оцени дека специфично за оваа индустриска зона е и тоа што се протега во три општини и тоа општините Карпош, Бутел и Чучер Сандево.

– Се надевам дека за многу кратко време ќе успеам да закажам состанок и со градоначалниците на овие три општини за да можам да им ги презентирам и проблемите коишто ги и имаат овие компании директно со овие општини, посебно со градоначалникот на општина Бутел кој што неколку пати покажа дека има навистина интерес за решавање на проблемите на бизнисмените од Индустриската зона Визбегово, рече Сарачини, додавајќи оти секогаш кога ќе се спојат владините инститиуци, општината и бизнисмените резултатите се евидентни.

Тој изрази очекување наредната недела официјално да им одговори на бизнисмените за нивните конкретни барања, како што се во делот на патната инфраструктура, на овозможување полесен пристап до кредитните линии конкретно преку Македонска банка за поддршка на развојот коишто Владата ги субвенционира и имаат многу поволна каматна стапка од 5,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница