Министерот Бектеши во посета на Дебар

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска престојуваше во Дебар, каде оставри средба со градоначалникот Ружди Љата, а ги посети кол центарот „Слајс“ и „Дебарски Бањи-Цапа“.

На средбата стана збор за досегашните инвестиции реализирани во општината, можностите кои ги нуди Дебар, како и поволностите на Владата за привлекување инвестиции.

Бектеши и Љата ја посетија кол центарот „Слајс“, компанија отворена со инвестиција на дебранец во САД, преку која десет илјади пицерии во 2.000 градови во САД ги добиваат порачките.

– Министерот, чија посета за нас претставува посебна чест, го запознав со можностите со кои располага општината за привлекување, како странски така и домашни ивестиции, како и со успешноста на досегашните инвестиции, кои придонесуваат во намалувањето на невработеноста, како што е и компанијата „Слајс“, рече Љата.

Истакна дека Дебар е најбезбеден град, каде не се забележани никакви негативни појави, што, според него, е гаранција повеќе да се инвестира тука.

Министерот Бектеши искажа големо задоволство бидејќи е гостин на Дебар и на компанијата „Слајс“, која освен во Дебар е лоцирана и во Охрид, посочувајќи ја како пример не само за Дебар, туку и за цела Македонија.

– Нејзиното значење посебно е за младите кои ја обезбедуваат својата егзистенција, тука во родниот град. Се надевам дека, имајќи ја во предвид поволната бизнис клима во Република Македонија, освен во Дебар и Охрид, „Слајс“ ќе се прошири и во други градови во државава. Го запознав раководството со поволностите на Владата, посебно со поволноста што се дава за компании формирани од нашите печелбари а кои Владата ги помага со 10 отсто повеќе од било која домашна или странска компанија, рече министерот Бектеши.

Првиот човек на кол центарот Бутринт Сеља, информираше дека од почетокот на годинава остварени се нови 56 вработувања, дека моментно во Дебар и Охрид се вработени 170, односно 165 лица, просечната возраст на вработените е 27 години, а просечната плата 27.000 денари. Ја нагласи добрата соработка со сите институции во општината, посебно со локалната власт.

Кол центарот е целосно странска имвестиција, на дебранецот Илир Сеља, кој повеќе од две децении живее и работи во САД. Со помош на сопствената платформа сите корисници во САД преку веб страницата порачуваат пица и од вработените добиваат 24-часовна поддршка.

Министерот Бектеши ги посети и „Дебарски Бањи-Цапа“, која е позитивен пример на успешна домашна инвестиција.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница