Министер на Кипар ќе ја посети Москва

Од:

Кипарскиот министер за финансии, Михалис Сарис денес на состанокот со руските официјални лица, во Москва треба да разговара за новата позајмица од Русија која 2011 година им одобри заем од 2,5 милијарди евра.

Рускиот министер за финансии, Антон Силуанов на почеток на февруари изјави дека Русија е подготвена да го реструктуира долгот и евентуално да понуди поповолни услови за отплата на поранешниот долг.

На дневениот ред ќе се зборува и за кризата на привремено затворените кипарски банки, по одлуката да се воведат дополнителни камати на депозитите.

Според проценките, во кипарските банки има околу 20 милијарди долари руски капитал.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација