Минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека минималната плата во март ќе изнесува 22.500 денари.

– Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, напиша Бектеши.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во март 2022 година беа донесени измени на Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Минималната плата беше воведена во 2012 година со донесувањето на Закон за минимална плата и тогаш изнесуваше 8.050 денари.

Би можело да ве интересира

Ристова: СДСМ поддржува минимална плата од 31.500 денари

А1он

Ќира: Mинималната плата да биде 31.500 денари и придонесите да останат исти

Горан Наумовски

500 евра минимална плата и пониски придонеси бара Комората на северозападна Македонија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Костова: Созреана е потребата од 500 евра минимална плата во 2025 година

(ВИДЕО) Мицкоски: Се што ќе договорат работодавачите и работниците, ние како Влада ќе го прифатиме

Горан Наумовски

ВРЕДИ: Минималната плата да биде 24.500 денари се предлага за буџетот за следната година

Катерина Ѓуровски