Минималната плата во Грција до 2017 година останува 586 евра

Од:

Минималната плата на вработените во Грција ќе се определува според нов механизам што ќе стапи во сила од 2017 година, а дотогаш таа останува на утврдениот износ од 586 евра, соопшти грчкиот министер за труд Јанис Вруцис.

Новиот механизам за пресметување на минималната плата во Грција ќе се определува од Владата, по консултации со социјалните партнери. Се воведува и законски минимален праг на плати и дневници, под чиј износ, според колективните или индивидуалните договори, нема да се одобруваат награди за вложениот труд.

На барање на меѓународните кредитори во февруари 2012 година минималната плата во Грција беше намалена за 22 отсто и од тогаш изнесува 586 евра за вработените на возраст над 25 години. Намалувањето, меѓутоа, дојде и до 32 отсто за младите на возраст под 25 години.

Кредиторите уште бараат да се укинат и додатоците за тригодишен стаж врз основа на колективните договори. Засега тие остануваат замрзнати до намалувањето на стапката на невработеност под 10 отсто. Ако оваа опција биде прифатена, работник кој доаѓа на пазарот на трудот со минимална плата и по десет години работен стаж и натаму ќе добива 586 евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски