Минатата година БДП со стапка од минус 4,5 отсто

Од:

Бруто домашниот производ за четвртото тримесечје од 2020 година изнесува минус 0,7 отсто, а за целата 2020 година минус 4,5 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, раст лани е забележан кај групата земјоделство, шумарство и рибарство за 1,7 отсто, раст од 2,8 отсто имало кај секторот информации и комуникации, еден отсто кај дејности поврзани со недвижен имот и 0,4 отсто раст кај дејностите уметност, забава и рекреација други услужни дејности, дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги. Во другите дејности е забележан пад кој е најголем кај преработувачката индустрија од 10,6 отсто.

Во четвртото тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите дејности во врска со недвижен имот од 2 отсто и финансиски дејности и дејности на осигурување од 1 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 1,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62,4 отсто.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4,5 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 5,7 отсто.

Бруто домашниот производ во првиот квартал лани имаше стапка на раст од 0,9 отсто, потоа во вториот минус 14,9 отсто и во третиот од минус 3,3, отсто.

Би можело да ве интересира

За кратко време ја консолидиравме економијата, индикаторите за раст на БДП се меѓу најдобрите во Европа објави премиерот

Катерина Ѓуровски

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Димитриеска-Кочоска: Растот на македонската економија за наредната година е повеќе од 3,5 отсто

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

Ангеловска-Бежоска: Поради родовата нееднаквост губиме околу 18% од БДП годишно

A1on

БДП зголемен за 2,2 отсто соопшти Статистика