„Милка“ најдобар бренд во земјите од поранешна Југославија

Од:

Агенцијата „Валикон“ спроведе истражување за силата на брендовите на подрачјето на поранешна Југославија, односно во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора и Косово.

Станува збор за истражување на пазар од 22 милиони луѓе.

Според „Валикон“ 25 најголеми компании за широка потрошувачка во земјите од поранешна Југославија во 2012 година се: 1. Милка, 2. Кока-Кола, 3. Вегета, 4. Аргета, 5. Кокта, 6. Нивеа, 7. Орбит, 8. Цедевита, 9. Нескафе, 10. Пепси, 11. Јафа кекс, 12. Ленор, 13. Палома, 14. Дорина, 15. Аквафреш, 16. Плазма кекс, 17. Смоки, 18. Чипси, 19. Домачица, 20. Фанта, 21. Медено срце, 22. Ариел, 23. Бајадера, 24. Фруктал, 25. Кики.

Истражувањето е спроведено во мај и јуни 2012 во сите земји од регионот на примерок од 1.000 до 1.500 испитаници по земја. Истражувањето не е спроведено на најмалите пазари во Црна Гора и Косово.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ