„Милиони без дом поради проектот на Светска банка“

Од:

Дојче веле – Бон

Над три милиони луѓе ги изгубија своите домови во текот на изминатата деценија поради развојните проекти кои ги финансираше Светска банка, тврдат група новинари.

Активистите за човекови права се вџашени.

Брани, електрани и други развојни проекти кои ги финансира Светска банка довеле до тоа 3,4 милиони луѓе да останат без своите куќи и имоти. Истражувањата на меѓународниот конзорциум на новинари покажале дека егзистенцијата на многу од тие луѓе е загрозена.

Така во Нигерија владата протерала жители од сиромашниот кварт на Источна Бадија во Лагос, најголем град во таа земја. Пред акцијата за расчистување, жителите не добиле никакво предупредување од владата, ниту се обештетени поради тоа што им е одземен животниот простор на кој биле населени, се наведува во извештајот на конзорциумот на новинари.

Во Кенија неколку илјадници луѓе ги изгубиле своите домови поради програма за заштита на шумите, која ја финансирала Светска банка. Тимот од 50 новинари и од други сиромашни земји слушнале слични приказни. Организацијата за човекови права одамна го критикуваат фактот дека Светска банка недоволно ги истражува последиците кои нејзините програми за помош на сиромашните земји ги имаат по локалното население.

Развојната банка, по интерното истражување, признала сериозни недостатоци во текот на спроведувањето на програмата за преселување. Претседателот на Светска банка Јим Јонг Ким минатата недела на конференција за новинарите во Вашингтон рече дека во тој домен се неопходни подобрувања.

– Моментално ги проверуваме нашите мерки за безбедност. Одлучен сум во намерата да преземеме нешто по тоа прашање и да ги научиме лекциите од минатото. Ќе направиме се што е во наша моќ за да ги заштитиме луѓето и нивната животна околина.

– Но, тоа не е доволно – вели Џесика Еванс, активистка за човекови права од организацијата Хјуман рајтс воч. – Светска банка не може само да ветува дека повеќе нема да ги повторува сличните грешки.

Одговорните мора да бидат идентификувани, а оштетените да бидат обештетени. Светска банка до сега не можела да утврди колку луѓе се оштетени поради нејзините проекти – вели Алесандра Маски од организацијата за човекови права Амнести Интернешенал. – Тие не ги испитуваат информациите кои ги добиваат од надлежните институции на земјите со кои соработуваат.

Џесика Еванс од Хјуман рајтс воч смета дека СБ премногу е заинтересирана да инвестира пари во проекти, а премалку за да ги контролира тие проекти.

– Во случајот со протерувањето на локалното население од нивните населби во Нигерија, Светска банка мораше да знае што ќе се случи – вели Ашфак Калфан, кој исто така работи за Амнести интернешенал. – Истата работа веќе еднаш се случи, во текот на спроведувањето на еден друг проект кој го финансираше Светската банка – додаде Калфан. – Без оглед на тоа, повторно е доделен кредит, а притоа е дозволено да се добијат гаранции од владата во Лагос, дека состојбата со локалното население нема да се повтори. 

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Наместо замрзнување на цените, да се обезбедат подобро платени работни места препорачува Светска банка

Светска банка: Македонија со најнизок економски раст во регионот

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Светска банка планира да одвои околу 700 милиони евра за спроведување на новата стратегија за соработка со Македонија