„Мицубиши“ ги објави фотографиите на двата нови концепти што има намера да ги претстави на годинешното автошоу во Женева.
Првото од двете напредни возила е „CA-MieV“, електрично возило од новата генерација опремено со високоенергетски батерии и електричен состав со голема ефикасност.
Автомобилот може бежично да се наполни, а енергијата за електромоторот создава и систем за регенеративно запирање.
Благодарение на лесната и аеродинамична каросерија, „CA-MieV“ може да мине дури 300 километри со едно полнење.
Второто возило, „GR-XEB“, претставува концепт на SUT (sport ytilits truck) што користи дизел-хибриден погонски систем. Моторот е вграден однапред и е со погон на таканаречениот систем „Super select 4WD“ од новата генерација, каков што се наоѓа во „Пајеро“. Тука е уште и „S-AWC“ системот за контрола на тркалата во сите услови на патот.
Компанијата тврди дека „GR-XEV“ емитува помалку од 149 грама CO2 на километар.
„Мицубиши“ за сега не откри други детали за своите модели, па се очекува повеќе информации да бидат познати во април на авто шоуто во Женева.