Мицкоски за планот кој му го даде на Ковачевски: Обврската која ја преземавме е реализирана

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не знае дали Владата и премиерот Димитар Ковачевски ќе го реализираат неговиот план за ублажување на последиците од кризата. Тој смета дека нивните обврски завршуваат со средбата која ја имаше со Ковачевски.

„Обврската која ја преземавме, е реализирана. Позициите се предадени. Како што знам, ќе има средби, но каков ќе биде процесот – не знам. Немам намера да се вклучувам во комерцијалниот дел. Има лица кои треба да го движат процесот. Го предадовме и предлог законот за измена на Законот за енергетика, за миграција на претпријатијата на регулиран пазар. Тоа е веднаш што треба да се направи“, посочи Мицкоски.

Според него ВМРО-ДПМНЕ продолжува да гради, Владата на ДУИ и СДСМ продолжува да краде.

„Кажав и за чекорите кои треба да ги преземе Владата за следната година да не го поминуваме истиот пат кој го поминуваме оваа година. Не е време за политика, треба да се помогне колку може на граѓаните и стопанството. Стопанството е сериозен предизвик“, додаде Мицкоски.

Според него, македонското стопанство односно фирмите, плаќаат највисока цена на струја споредено со колегите од регионот.

Би можело да ве интересира

И Таравари виде дека Мицкоски ја води државата во провалија, велат од СДСМ

Катерина Ѓуровски

Владата се загуби на патот кон ЕУ, Албанците се маргинализираат, Таравари најдоцна за два дена ќе каже дали излегува од Владата

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: ЕУ останува наша цел, но треба да научите да победувате во Вашингтон, Брисел, Берлин, Париз

Катерина Ѓуровски

Премиерот подготвен да оди во Кочани и да разговара со родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“

А1он

Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари

А1он

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот