Мицкоски: За брзата пруга од Коридорот 10 има интерес од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, изјави дека има интерес за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10 од финансиски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа. Откако ќе биде направена анализата, како што најави, ќе се излезе со детали во јавноста.

– Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со податокот која е најдобрата понуда. Има понуди и тоа не прави особено задоволни затоа што големи финансиски светски институции кои досега не биле присутни во овој дел од Европа сега пројавуваат интерес да учествуваат во овој проект што посебно не охрабрува, рече Мицкоски.

Рокот за доставување на понудите е до денеска, а Министерството за финансии имаше испратено барања за понуди до 24 финансиски институции за финансирање изградба на брзата пруга на Коридорот 10.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Дизелот поевтин за 4, бензините за 2 денара по литар

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?