Мицкоски: Со зголемувањето на даноците се врши силен удар врз економијата

Од:

Христијан Мицкоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека со зголемувањето на даноците, владата удира по џебот на граѓаните и дека има намера да ги избрка странските инвеститори.

– ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се спротивставувa на планот на СДС да ја менува даночната политика, односно да ги зголеми даноците во Република Македонија. Министерот предложен во владата од страна на СДС господинот Тевдовски со најавата дека ќе ги зголеми даноците врши силен негативен удар врз економијата во нашата држава, но и директно удира по џебот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Како што кажа тој, со програмата на владата се превидува воведување на персионален данок на доход со две променливи стапки од 10% и 18%, што според Мицкоски, значи зголемување на данокот на граѓаните и бизнис заедницата за цели 80%.

– Сакаме да предупредиме и да изразиме загриженост дека оваа анти-реформа при која ќе се зголемат даноците ќе ја врати Република Македонија 20 години наназад. Да потсетиме дека во минатото СДС и пред 2006-тата година имаа неуспешни обиди за зголемување на даноците со променлива стапки од 15%, 18% и 24%, кои се покажаа како кобни и ја втурнаа во пропаст македонската економија. Зголемувањето на даноците ќе значи сериозен удар врз приватниот сектор без разлика на домашните и странските компании. Од оваа анти-реформа никој ништо не добива, а сите губат. Ќе се намали интересот за инвестирање во државата, ќе паднеме длабоко на дното на листата на Дуинг Бизнис, домашните компании ќе бидат неконкурентни поради зголемените трошоци па ќе бидат принудени да ги намалат инвестициите, а со тоа и бројот на ефективни работни места, рече Мицкоски.

Според него ова ќе резултира со енормно намален економски раст, ќе ја зголеми невработеноста и ќе има прекин на отварањето на нови работни места, како и дека ќе отвори простор за развој на даночна евазија и зголемување на сивата економија.

– Во моментов благодарение на отворените политики на Владата која беше предводена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Република Македонија има најниски даноци во светот, со ефективна даночна стапка од 7.4%. Во 2006-тата имајќи ја во предвид неуспешната и погубна даночна политика на високи даноци на СДС, ги намаливме даноците и воведовме единствена стапка од 10% персонален данок на доход и данок на добивка. Исклучително задоволни беа граѓаните но и бизнис заедницата бидејќи плаќањето даноци се поедностави во однос на пресметката и малите трошоци за фирмите.
Граѓаните не очекуваат зголемени даноци граѓаните очекуваат реализирање на ветувањата кои СДС ги даде пред изборната кампања. Очекуваат 16 000 денари минимална плата, 30 000 денари просечна плата, да отворат нови 64 000 работни места, нови 500 км автопат, нови електроенергетски објекти, 100 000 денари плата за докторите и така натаму. Не очекуваат зголемување на даноците. Граѓаните од СДС очекуваат да го реализираат ветеното во периодот на предизборието, заврши Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најави одговорност: Жалам што граѓаните се соочуваат со проблеми во здравството за кои мислевме дека се дел од минатиот век

Во вторник во Собрание ќе биде доставен составот на новата влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Меѓународните договори треба да се почитуваат и тука немаме никаква дилема, но тоа е двонасочна улица

Горан Наумовски

Мицкоски: За поддршка на Законот за реорганизација и работа на органите на државната управа побарав поддршка од сите и разговарав и со СДСМ

Мицкоски: Можеби сме мали, но сме многу важни во овој дел од светот не само од аспект на струјата и прекуграничните трансакции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ станува изолирана партија, огромно двотретинско мнозинство во собранието поддржа системски закон