Мицкоски: Наскоро ново раководство на ЕСМ и РЕК Битола, лично сум фокусиран во изборот на кадри

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе биде назначено ново раководство на ЕСМ и на РЕК Битола.

Во изјава за медиумите дадена при денешната посета на Битола, Мицкоски рече дека лично е фокусиран во изборот на кадри за овие две институции.

– Лично сум фокусирам во изборот на кадри во РЕК Битола бидејќи го знам комбинатот и го знам поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ, така што многу скоро од денеска ќе имаме ново раководство во рамки на ЕСМ и во рамки на РЕК Битола, рече Мицкоски.

Во однос на изградбата на топловодот за Битола, Мицкоски изјави дека топловодот ќе биде изграден и дека нема да биде затворен РЕК Битола бидејќи без неговата работа не може да функционира топловодот.

– Имаме план како тоа да го реализираме. Топловодот ќе се изгради и ќе се пушти во употреба. Имаме намера сето она што тие го потпишале, а кое е штетно за битолчани, да го поништиме и да вложуваме во иднината на овој регион. Нема да водиме лицимерна политика – од една страна да го затвораме РЕК Битола и да оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна да трошиме повторно пари на граѓаните и да градиме топловод којшто кога би се затворил РЕК Битола, ќе нема ресурси од каде да се затоплува Битола. Ќе го сочуваме РЕК Битола и ќе го изградиме топловодот, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

ДУИ: Партнерите од ЛЕН се понижуваат за да му се допаднат на премиерот

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет

А1он

Заврши средбата Мицкоски – Таравари, до крај на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

А1он