Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ – дел 1″? Ова на фејсбук го напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, давајќи дополнително објаснување.
-ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 20 до 26 август од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1750 MWh. Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 303,75 €/MWh! За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 506 €/MWh или по денови:
20/Август 463 €/MWh
21/Август 346 €/MWh
22/Август 481 €/MWh
23/Август 534 €/MWh
24/Август 570 €/MWh
25/Август 535 €/MWh
26/Август 612 €/MWh
Разликата во цена е:
1750 MWh x (506-303,75)€ = 353.937€
Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 7 дена се оштетени за околу 22.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, напиша Мицкоски на фејсбук.