Мицкоски до Економско-социјалниот совет: Ќе донесеме добри решенија ако на сите ни е подеднакво важен интересот на граѓаните

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на денешната седница на Економско-социјалниот совет, кој заседава по подолго време, порача дека може да се донесат добри решенија ако интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики. Разликите помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на Советот, според него, се дополнителна причина дијалогот да биде поискрен и поотворен.

Мицкоски рече дека очекува да се усвои програмата за работа на ЕСС за годинава истакнувајќи дека тоа ќе биде потврда дека овој Совет не е формалност, туку жив механизам за вистински социјален дијалог и за носење одлуки коишто се во интерес на граѓаните.

Според Мицксоки, Владата покажува дека државата може да се води со стабилни финансии, растечки плати, поддршка на економијата и дијалог со сите општествени чинители. Ако навистина сите сакаме подобро утре, укажа, тогаш тоа почнува со чесна работа денес.

Порача да зборуваат бројките, а не голата и празна реторика, резултатите а не оправдувањата и изговорите, граѓаните а не празни флоскули содржани во соопштенија.

– Оваа Влада има јасна слика за реалната состојба во која живеат граѓаните, свесни сме за тешкиот живот дека предизвиците се реални и дека стандардот не може да се подобри преку преку ноќ. Знаеме дека ако сите тука веруваме дека интересот на граѓаните е поважен од личните или политички разлики тогаш сигурен сум дека можеме и ќе донесеме добри решенија. Точно е дека постојат разлики помеѓу Владата и дел од синдикатите како и со другите чинители во рамки на овој совет, но тоа не е причина да нема дијалог, напротив тоа е дополнителна причина тој дијалог да биде поискрен и поотворен. Ако на сите овде ни е подеднакво важен интересот на граѓаните тогаш знам дека решенијата ќе бидат добри. Кога постои волја тогаш постои и пат, а волјата тука денес ја има и од наша страна и од страна на социјалните партнери, рече Мицкоски, во обраќање пред утврдувањето на дневниот ред на седницата на ЕСС.

Премиерот оцени дека изминатата година работеле тивко и без многу врева, но„со јасна цел да ги поместат работите од мртва точка. Тоа, истакна, веќе се гледа. Во мај нето и бруто платите пораснаа за 11 проценти, во образованието, здравството, администрацијата и полицијата веќе има повисоки пати. БДП на реална основа во првиот квартал веќе порасна за 3,2 проценти со што остваривме четврти најголем раст на БДП. Индустриското производство во мај порасна за 9,4 проценти споредено со истиот месец члани, а во вториот квартал првпат после не знам колку години очекуваме да имаме раст. Тоа не е случајност, тоа е резултат на системски чекори и економски политики базирана на фискална дисциплина и поддршка на реалниот сектор. Ако сакаме економија што произведува тогаш мора да има -ме држава што поддржува во рамките на своите можности, посочи Мицкоски.

Како што дополни, за поддршка на компаниите годинава се обезбедени 250 милиони евра, а уште 250 милиони евра се насочени кон општините за реалзиација на капитални проекти. Наведе и дека јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени во однос на БДП и оти се очекуваме буџетскиот дефицит да биде околу 4 проценти, а како што рече, зошто да не и под 4 процент од БДП оваа година.

– Целосно е отплатена еврообврзницата во износ од милијарда евра и не се издаде нова за да се врати оваа. Кога државата ја почитува својата обврска има право да бара почит и од другите. Тоа е двонасочна улица. Усвоена е и фискалната стратегија која е насочена кон подобрување на макроекономската стабилност, ја зацврстува основата за стабилен раст во наредните пет години, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Просечната плата треба да е уште поголема, некрофилите од опозицијата лажат дека платите не растеле

А1он

Мицкоски не кажува како ќе гласа ВМРО-ДПМНЕ за интерпелацијата за Коцевски, ама тој вели не ги менувал ставовите преку ноќ

Мицкоски од Кичево: Народот е изморен од лаги и празни ветувања – опозицијата „боледува од вирусот на безидејноста“

А1он

СДСМ: Дали власта спрема огромна корупција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана

Предлог-законот за линеарно зголемување на пензиите треба да помине пред изборите

Катерина Ѓуровски

Македонија ќе ја следи Европа во политиките за санкции кон Русија

Катерина Ѓуровски