Мицкоски: Цените во маркетите се приоритет, ако треба ќе се анализира „фактура по фактура“

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека контролата и анализата на цените на основните прехранбени производи остануваат меѓу главните приоритети на Владата.

Тој посочи дека детално се разгледува состојбата на пазарот и дека, доколку биде потребно, ќе се анализираат цените „фактура по фактура“ со цел да се утврди каде настануваат зголемувањата.

„Лично тоа го имам како врвен приоритет“, изјави Мицкоски, додавајќи дека се работи на идентификување на производите кои најмногу влијаат врз трошоците на граѓаните.

Според него, анализата опфаќа илјадници производи кои се дел од статистичките мерења. Тој најави дека фокусот ќе биде ставен на неколку стотици клучни артикли, каде ќе се следи целиот пат – од производителот и добавувачот до крајната цена во маркетите.

Премиерот се повика и на податоци од Еуростат, според кои потрошувачката кошница во Северна Македонија е меѓу најевтините во Европа во однос на просекот на Европската Унија. Сепак, нагласи дека тоа не значи дека состојбата е задоволителна и дека има простор за дополнителни мерки.

„Ќе работиме на тоа прашање и очекувам резултатите наскоро да бидат видливи“, порача тој.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

Мицкоски: „Јас ви гарантирам – за три години Македонија ќе биде уште подобро место за живеење“

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски