Мицевски: Оризот се продава по два пати помала цена од таа што ја вети СДСМ

Од:

Никола Мицевски на денешната прес-конференција рече дека Љупчо Николовски и Зоран Заев повторно ги излажале земјоделците кои се соочувале со најтешките моменти во своите животи.

– СДС пред изборите вети дека цената на оризот ќе биде 25 денари за оризова арпа, додека пак белиот ориз ќе биде 50 денари. Денес нема ништо од ова ветување на СДС. Цената на оризот во моментов е до два пати помала од таа што ја ветуваа СДС. Ова беше уште една лага на СДС само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. Министерот за земјоделие им објасни вчера на земјоделците дека наместо како што пред избори им ветуваше загарантирана откупна цена, проблемот со оризот ќе го решава со научни анализи после локалните избори, во кои покрај научници од Кочани ќе вклучел и научници од Бугарија и Кина, рече Мицевски.

Тој додаде дека производителите на ориз се изневерени и излажани од Николовски и СДСМ и дека револтот на земјоделците секој ден се повеќе расте.

– СДС си поигрува со чувствата на илјадници земјоделци кои на крајот на реколтите треба да ги прехранат своите семејства. Само 10 месеци подоцна Зоран Заев јавно кажа дека нема да има субвенции за земјоделците кои нема да можат да остварат поголемо производство за 10% од претходната година. Со ова, земјоделците се оставени на милост и немилост. Едно невреме, може да им го намали родот, а за тоа и да не добијат субвенции, вели Мицевски.

Според него, ова е начинот на работа на СДСМ и грижата за нив. Како што кажа тој ова е потценување на илјадници земјоделци, чии основен извор на егзистенција е земјоделието.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ