Меркел: Младите доколку сакаат работа, нека се подготват за преселба

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел на 3,6 милиони невработени млади од еврозоната им порача да се подготват за преселба поради работа.

Шефицата на германската влада веќе подолго време е изложена на остри критики од одредени држави на еврозоната, како Шпанија или Грција, каде што има висока стапка на невработеност.

Во интервју за британскиот „Би би си“, Меркел предупреди дека нивото на невработеност во тие држави претставува „голема криза“.

Кога невработеноста ја погоди нејзината родна источна Германија, многу млади луѓе, како што вели, најдоа работа така што се преселија на југ.

-Сметам дека не е фер, млади луѓе да плаќаат за нешто што не го направија. Но нема друг пат. Во Европа мора да произведуваме стока или услуги кои можеме да ги продадеме-нагласи таа.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Лоши вести од Германија: Економија не успева да излезе од кризата

Захарова ја обвини Германија за русофобија

Германија e погодена од неверојатни поскапувања

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати