Меркел бара од „тројката“ побрзо да го заврши извештајот за Грција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот премиер Жан-Марк Еро побараа од „тројката“ што е можно побрзо да го заврши извештајот за Грција, со цел што побрзо да се одобри доделувањето на следната транша од меѓународната помош во висина од 31,5 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Атина.

– Зборувавме и за Грција и изразивме надеж дека наскоро треба да биде готов извештајот на тројката. Тоа е неопходно за да можат министрите за финансии од еврозоната следниот вторник да донесат одлука за Грција, изјави Меркел по средбата со Еро и изрази надеж дека решение ќе биде донесено „во блиска иднина“.

Извештајот на експертите од ММФ, ЕЦБ и ЕУ доцни поради несогласувањата меѓу Фондот и Европејците во врска со начинот на кој грчкиот долг треба да стане одржлив. ММФ бара од европските кредитори согласност за намалување на долгот и за изготвување на сигурен план за одржливоста на грчкиот долг до 2020 година, но на тоа се противат европските земји, особено Германија.

Најголема причина за несогласувањата е всушност главниот дел на извештајот, во кој се анализира способноста на Грција да го исплаќа својот долг со сопствени средства. ММФ направи се што е во рамките на својот статут, изјави портпаролот на Фондот Вилијам Мари, додавајќи дека „ќе бидат потребни дополнителни чекори за да се постигне одржливост на грчкиот долг“.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле смета дека на средбата на еврогрупата на 20 ноември ќе се дојде до договор за финансирањето на Грција.
Еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен рече дека “ММФ се ангажирал да ја поддржи Грција според програмата договорена заедно со еврозоната.

– Нема никаква основа за загриженост дека Фондот нема да соработува во следната фаза од програмата за финансирање на Грција , изјави Рен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција