„Мерцедес“ ќе повлече 155.000 возила заради клима уредот и ЕСП системот

Од:

Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ од пазарот ќе повлече 155.000 автомобили заради проблеми со клима уредите и системите за спречување на пролизгување ЕСП, соопшти компанијата „Дајмлер АГ“, сопственикот на „мерцедес“.

Како што беше најавено, од пазарот ќе бидат повлечени 135.000 возила од класата „А“ заради можни проблеми со клима уредите.

Уште 20.000 луксузни и спортски модели на „мерцедес“ од чешката компанија АМГ ќе бидат повлечени заради можни проблеми во функционирањето на системот ЕСП.

Меѓу проблематичните АМГ возила се класата-Ц, ГЛС и супертспртоскиот модел АМГ ГТ, се наведува во соопштението на „Дајмлер АГ“.

Портпаролот на „Даимлер АГ“ за неколку германски медиуми изјави дека во двата случаја имало мали дефекти, за што поправките траеле околу половина час.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска