Мерцедес го подготвува моделот ГЛЦ за 2016 година

Од:

Мерцедес во рамки на следната генерација на моделот ГЛЦ може да ја понуди и кросовер верзијата, се дознава во компанијата.

Доколку овие најави се остварат, ГЛЦ, како што гласи интерната ознака за новиот модел, на пазарот ќе се појави во 2016 година.

Новиот компактен купе-кросовер на Мерцедес ќе се темели на втората генерација на моделот ГЛК, пренесува британскиот „Car Magazine“. Автомобилот би имал две врати и целосно поинаков дизајн од актулениот Мерцедес ГЛК.

Мерцедес ГЛЦ воедно ќе биде и првиот модел на германскиот производител што е поставен на новата МРА платформа со заден погон. Како опција, во понудата може да се најде и 4МАТИC варијантaта со погон на сите четири тркала.

Што се однесува до погонските единици, се планира на 2.0 и 2.2 литарските бензинци и дизел мотори, додека евентуалната ГЛЦ АМГ верзија под хаубата би имала 4.0 литарски V8 што развива 468 КS.

Се проценува дека почетната цена на моделот Мерцедес ГЛЦ ќе изнесува околу 35.000 евра.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on