Мерцедес го лансираше моделот „A45 AМГ“

Од:

„Мерцедес“ официјално го претстави новиот „А45 АМГ“ модел во пресрет на неговата премиера на авто салонот во Женева, што ќе се оддржи овој месец.

Автомобилот го придвижува 2.0-литарски, 4-цилиндерски турбо мотор од 360 КС што развиваат 450 Нм обртен момент.

mercedes a45 (4)

Моделот има седумбрзински менувач со двојна спојка и „Race Stаrt“ функција, како и  погон на сите тркала.

mercedes a45 (7)

mercedes a45 (3)

Моделот може да забрза до 100 километри на час за 4,6 секунди и да развие електронски ограничена брзина од 250 килметри на час.

mercedes a45 (5)

Просечната потрошувачка изнесува околу 7 литри на 100 километри, со емисија на ЦО2 од 165 г/км.

Системот за запирање на „АМГ“ се состои од перфорирани и вентилирани дискови чии димензии се 350х32 милиметри напред  и 330х22 милиметри назад.

mercedes a45 (1)

Возилото користи 18-инчни лесни алуминиумски фелни со гуми со димензија 235/40 Р18, а во опција се достапни и 19-инчни фелни со гуми со димензија 235/35.

Во понудата се и различни „АМГ“ надградби кои вклучуваат црвена запирачка клешта, Ексклузив пакет, куќиште за ретровизори од јаглеродни влакна, аеродинамичен пакет, „ноќен“ пакет и врвен издувен систем и вешање.

mercedes a45 (2)

mercedes a45 (2)

mercedes a45 (1)

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on