МЕПСО: Нема прекини во снабдувањето со електрична енергија

Од:

Преносната мрежа со која управува и оперира МЕПСО е целосно функционална и сите точки на прием на дистрибутивниот систем-оператор се снабдени со електрична енергија и се под напон, велат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека националниот електропреносен систем функционира оптимално и сите над 50 трансформаторски станици приклучени на преносната мрежа се под напон и се снабдуваат со електрична енергија.

– Во целост ги отфрламе како невистинити шпекулациите дека МЕПСО денеска имал проблеми во снабдувањето со електрична енергија кои беа изнесени во некои од медиумите. Стручните лица од МЕПСО максимално посветено и ангажирано управуваат со електропреносниот систем, а теренските екипи се во целост подготвени да интервенираат доколку се појави потреба за интервенција. Екипите на МЕПСО во зададениот рок вчера ги ставија под напон двете електроенергетски постројки со кои Охрид е приклучен на електропреносниот систем на Република Македонија. При тоа планираното исклучување траеше од 14:15 часот до 17 часот. Целиот колектив на МЕПСО е максимално посветен на одржување на оптимално ниво на доверливост и стабилност на електропреносниот систем, велат од МЕПСО.

Во текот на силното снежно невреме што ја зафати Република Македонија во неделата на 28 декември на преносната мрежа на МЕПСО имаше кратки прекини во два наврати и тоа само во охридскиот регион и во дебарско. И во двата случаи интервенираа теренските екипи на МЕПСО и ги отстранија настанатите дефекти.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори