Преговорите меѓу раководството на рудникот САСА и синдикатот започнаа вчера попладне, со состанок што се одржа во седиштето на МЕСО – Мултиетничкиот синдикат на образованието во Скопје, во присуство на претседателот на овој синдикат, Драге Јовановски.
На состанокот беше констатирано дека се исполнети сите предуслови за почеток на процесот, а беше договорен и составот на двата преговарачки тима. Синдикалниот тим го сочинуваат претставници од редот на вработените во САСА, номинирани од страна на МЕСО.
Од сите присутни на состанокот беше искажана надеж дека овој процес ќе заврши со конкретен резултат од кој ќе бидат задоволни вработените и кој истовремено ќе и овозможи на компанијата да продолжи со својот натамошен развој, од што придобивки ќе имаат сите, вклучувајќи ја и пошироката заедница. Притоа, од претсавниците на менаџменот на рудникот уште еднаш беше нагласено дека тие остануваат подготвени отворено да разговараат за сите потреби на вработените во САСА, но исклучиво според одредбите и процедурите од Законот за работни односи и останатите законски прописи од оваа област.