Меѓународната „тројка“ во нова контролна мисија во Атина

Од:

Делегација на меѓународната „тројка“ кредитори на Грција допатува во Атина во мисија на рутинска проверка на финансиската состојба на земјата, во пресрет на исплатата на следната транша од помошта.

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската унија и Европската централна банка (ЕЦБ) посетата на Атина ја започнаа денеска со средба со грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарис.

Мисија на „тројката“ е да направи проценка на состојбата во која се наоѓа грчката економија и на напредокот во спроведувањето на договорените реформи. Вниманието првенствено ќе биде насочено кон намалувањето на вработените во јавните служби, процесот на приватизација на државните претпријатија, борбата против затајувањето даноци и докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција.

Меѓународните кредитори бараат до крајот на годината да бидат отпуштени уште 25.000 државни службеници и вработени во јавниот сектор, со цел до 2015 година вкупниот број на намелени работни места да достигне 150.000. Досега, во последниве година и половина, бројот на вработените во државниот сектор во Грција е намелен за 75.000 лица.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент