Меѓународен саем за економија во БиХ за поголема трговска размена и економска соработка

Од:

Подобра економска соработка и состојба во земјите од регионот е една од целите на Меѓународниот 15-от Меѓународен саем за економија што се одржува од денеска до 16 јуни во Тешањ, Босна и Херцеговина, а на која е претсетавена и земјава.

Овој саем, како што рече министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапури на отворање, претставува „мост“ кој ќе придонесе кон зголемена трговска размена, што ќе резултира со подобра економска состојба во земјите во регионот па и пошироко.

Претседавач на Претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, ја истакна зголемената соработка со Република Северна Македонија, особено во последните две години.

Како што соопштуваат од Кабинетот на министерот Шапуриќ, и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, ја истакна добрата соработка со Република Северна Македонија и заемната заинтересираност за решавање на проблемите и пречките при остварување на истата.

На саемот има околу 300 излагачи, а како што наведуваат во соопштението, тоа покажува дека Саемот претставува шанса за зајакнување на соработката, трговско поврзување како и размена на искуства, информации и добри пракси во земјите од регионот и од Европската Унија.

На Саемот учествуваа претставници од бизнис заедницата на земјите од регионот и од Европска Унија, потоа претставници на стопанските комори, меѓународни организации, дипломатски претставници…, кои ќе имаат можност да присуствуваат на панел дискусии, тематски предавања, презентации и Б2Б средби.

Би можело да ве интересира

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Приватните превозници во Скопје повторно се исклучија од сообраќај

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Кос: Очекувам Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот

Горан Наумовски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ