Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Од:

Во рамки на теренската кампања „Заедно знаеме повеќе“, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оствари средба со граѓаните на Св. Николе, каде беше придружуван од пратеничката Даниела Белимова.

Од позиција на одговорност, Димитриевски испрати јасна порака дека времето на пазарџиската политика на СДСМ е завршено:

„СДСМ ја претвори државата во корупциска каса и ги распродаваше интересите на народот за лични функции и договори зад затворени врати. Тоа време е минато. ЗНАМ, како дел од власта, нема да дозволи Македонија повторно да биде потценета, понижена и ограбена.“

Димитриевски посочи дека ЗНАМ не е тука да продолжи со старите матрици, туку да воспостави нов систем – базиран на чесност, отчетност и работа во интерес на сите граѓани.

„Секој граѓанин чувствува како политиката со години го крадеше. Но, ние сме тука да го исправиме тоа. Се бориме против корупцискиот систем што го остави СДСМ зад себе. Македонија конечно има шанса да тргне напред со луѓе кои не се дел од тој трул механизам“ – истакна тој.

Пратеничката Белимова посочи дека ЗНАМ ќе биде коректив во власта и ќе остане силен глас на народот и во Собранието на Република Македонија и на терен.

Посебен акцент на средбата беше ставен на проблемите на земјоделците во регионот. Борче Серафимовски, претседател на Општинската организација на ЗНАМ во Св. Николе, посочи дека земјоделието повеќе нема да биде игнорирано и дека оваа влада има обврска да го врати достоинството на македонскиот земјоделец:

„Земјоделецот не смее повеќе да биде последен на листата. Нашите полиња се празни, а рацете на луѓето кои хранат цела држава остануваа без
поддршка. Време е тие луѓе да ја добијат заслужената помош, сигурност и перспектива“ – изјави Серафимовски.

Со посетата на Св. Николе, Движењето ЗНАМ уште еднаш покажува дека власта мора да биде блиска до граѓаните, а не затворена во институции. Промената веќе започна – и таа доаѓа од народот.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна

Си присвоиле 80 милиони денари од Државна лотарија: Истрага против две финансиски раководителки

Предраг Петровиќ

Димитриевски од Гостивар: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка