МАТТО: Македонија и Турција може за три пати да ја зголемат трговската размена

Од:

Претседателот на Стопанската комора Македонија Турција – МАТТО, Ајдован Адемовски и гувернерот на индустрискиот центар Кајсери, Сулејман Камчи истакнаа дека Македонија и Турција можат да ја зголемат трговската размена најмалку тројно.

Тие истакнаа дека е неопходна соработка со турските региони кои се милионски пазари, но и поскора либерализација на трговијата со земјоделски и прехранбени производи.

– Вкупните турски инвестиции во Македонија засега изнесуваат 1,7 милијарди долари што е 3,3 отсто од вкупните странски директни инвестиции. Оваа бројка, како и нивото на трговската размена се многу мали и воопшто не задоволуваат особено ако се земе предвид потенцијалот на двете земји, изјави Адемоски.

– Кајсери е милионски град во централна Турција, на само 70 километри од Кападокија. Познат е како индустриски и трговски центар со годишна размена од три милијарди долари од кои 1,5 милијарди увоз и исто толку извоз. Воедно е и најголем снабдувач на деним за брендовите Левис, Вранглер, Рајфл и Дизел. Кајсери има и три универзитети со 100.000 студенти, рече Камчи.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија