Масовна проценка на недвижностите во четири пилот општини

Од:

Катастарот следната година ќе изврши масовна проценка на сите недвижности во Свети Николе, Зелениково, Гостивар и Кисела Вода, како пилот општини за воспоставување на системот за масовна проценка со кој секоја недвижност во државава ќе добие пазарна вредност.

– Следниот месец Агенцијата за катастар на недвижности ќе спроведе теренско собирање на податоците за недвижностите потребни за системот за масовна проценка за четирите пилот општини. Во април се планира да биде извршена надградба на е-кат системот преку кој ќе се овозможи автоматско внесување на изјавите со дополнителните податоци за недвижностите во базата на Регистарот на цени, информира денеска на прес-конференција директорот на Катастарот Славче Трпевски.

Следната активност е планирана за јуни кога ќе се работи на софтвер за статистики со кои ќе се овозможат поточни и поажурни податоци за трансакциите со недвижности, како и широка лепеза на статистики кои ги користат банките, проценителите, агенциите за недвижности и голем број државни институции.

Како што информира Трпески, во декември Агенцијата за катастар на недвижности по воспоставувањето на вредните зони ќе воспостави софтвер за моделирање, односно софтвер кој преку податоците од катастарот на недвижности и базата на Регистарот на цени со одредени дополнителни параметри треба да изврши вреднување на недвижностите. Во текот на 2018 година ќе се изврши масовна процена на недвижностите за четирите пилот општини, потенцира Трпевски.

Податоците што ќе се соберат треба да понудат транспарентна вредност на сите видови недвижности – станбен и деловен простор, земјоделско земјиште, градежно земјиште, инфраструктура, што, пак, треба да овозможи поедноставно користење од граѓаните, бизнис секторот и инвеститорите. За воспоставување на системот за масовна проценка Катастарот формираше посебен сектор за проценка.

Би можело да ве интересира

Голем пад на цените на новите станови во Кина

Помалку продажби и закупи на имот, а повеќе хипотеки

Ана Ололовска

Агенцијата за катастар на недвижности ќе воспостави Графички регистар на улици и куќни броеви

Ана Ололовска

Потпишан договор за проектот ЛИДАР скенирање на Република Македонија

Ана Ололовска

Раст на тргувањето со недвижности во вториот квартал, запишани 2.163 хипотеки

Ана Ололовска

Повеќе склучени договори за осигурување имот, цените пониски

Ана Ололовска