Маск вети дека Тесла ќе биде профитабилна во втората половина од годината

Од:

Основачот на Тесла Илон Маск денеска најави дека компанијата специјализирана за производство на електрични автомобили ќе биде профитабилна во третиот и четвртиот квартал од годината, и веќе нема да има потреба да бара дополнителни инвеститори.

Ветувањето на Маск ја покачи вредноста на акциите на Тесла за 3,2 проценти. Компанијата со години се соочува со критики за нејзината непрофитабилност и неодржливост, а особено по неодамнешниот смртен случај при тестирање на нејзиниот систем за самоуправувачки возила.

Маск ја отфрли проценката на списанието Економист дека на Тесла ќе и бидат потребни меѓу 2,5 и 3 милијарди долари во текот на годинава, за да ги покрие трошоците на производството и технолошкиот развој.

Би можело да ве интересира

Продажбата на Tesla во ЕУ падна за 45%

Маск најави намалување на својата улога во администрацијата на Трамп

Горан Наумовски

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

Драма во Тексас: Експлозиви пронајдени во просториите на „Тесла“

Берлин: Запалени четири автомобили на Тесла

Тесла го зголеми производството и испораката на возила во четвртиот квартал од 2022 година

А1он