МАСИТ ќе ги наградува домашните иновативни ИКТ решенија

Од:

Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) организира избор на „МАСИТ награди за иновативни ИКТ решенија“ за исклучителни достигнувања во доменот на информатичката технологија за 2018 година.

МАСИТ како член на WITSA (World Information Technology and Services Alliance) првонаградените решенија ќе ги номинира на „2018 WITSA Global ICT Excellence Awards” еден од најголемите светски конгреси за ИТ што ќе се одржи од 19 – 21 февруари 2018 година во Xидерабад, Индија.

Повикот за учество во изборот е отворен за сите членки компании на МАСИТ, но и за ИКТ компаниите кои се уште не се дел од Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

Своите решенија компаниите може да ги номинираат во повеќе категории: иновативни ИКТ решенија во јавниот сектор, решение за дигитални можности, решение за одржлив раст, инзворедни мобилни решенија, иновативни решенија во здравството, WITSA награда за нови дигитални решенија, награда за дигитална инклузија.

WITSA 2018 Global ICT Excellence Awards ( http://www.nasscom.in/wcit-nilf2018/) е еден од најпрестижните глобални настани од ИТ областа, а компаниите кои ја имаат можноста да присуствуваат и натпреваруваат на овој настан добиваат пристап до значајни партнери и вендори.

Право на учество имаат сите ИКТ компании кои ќе номинираат готови сопствени решенија имплементирани кај крајни корисници во Република Македонија. Решенијата може да се достават до комората најдоцна до 21.11.2017 година, а пријавените компании ќе ги презентираат своите решенија на јавен настан организиран од МАСИТ на кој ќе биде извршен и изборот.

Повеќе информации за начинот на пријавување, учество и услови на следниов линк: http://masit.org.mk/index.php/en/menu-title-4/362–2018.

Би можело да ве интересира

Лога го разреши претседателот на Советот на ИКT, судијата Лазар Нанев

A1on

МАСИТ: Цоневски со волонтерски ангажман во Комисијата, не подлежи на поднесување анкетен лист

Катерина Ѓуровски

ИКТ комора на Македонија: Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Ана Ололовска

МАСИТ: ИКТ секторот најбрзорастечки, да се работи на создавање кадар за потребите на индустријата

Ана Ололовска

Стручно тело на МАСИТ ќе работи на изнаоѓање решение за реализација на наставата

Ана Ололовска

„TechPack“ – бесплатни софтверски решенија за дигитализација на компаниите погодени од кризата

Ана Ололовска