Машина на македонски „Микросам“ ќе произведува делови за авионот МС-21

Од:

Машина на македонската фирма „Микросам“ ќе се користи во производство  карбонски делови за авионот МС-21. Со таа машина се избегнува рачната работа во производството на задниот дел на авионот, односно целиот процес е автоматизиран со што се исклучува веројатноста од технички грешки предизвикани од човечка природа.

Обврските на „Микросам“ кон компанијата „Технологија“ предвидуават целосна проекција на машината, изработка на софтверот и обука на кадарот за ракување со неа.  Тој тип машина овозможува да се намали проблематичниот дел во изработка на композитни делови со површина со единечна и двојна закривеност со димензии од неколку квадратни сантиметри до делови со големи димензии, како и производство на делови со променлива дебелина во посебни зони, соопшти денеска „Микросам“.

Компанијата „Технологија“ како дел од холдингот „РТ Химкомпозит“ почна да работи на проектот за производство на авионот МС-21, во делот на производство панели за стабилизатори и елементи од стабилизатори.  „РТ Химкомпозит“ е холдинг каде членки се важни компании од научната дејност во Русија чија основна мисија е да спроведуваат научни истражувања и иновации во делот на полимерно – композитни материјали и производи од нив.

Авионот на 21 век како што го нарекуваат руските медиуми МС – 21 ќе има капацитет од 150 – 212 патници, а првиот се очекува на пазарот во 2017 година. МС-21 според проценките ќе биде за 15 проценти поефективен авион од Аирбус и Боинг, поради тоа што има 15 проценти поголема предност во структурална тежинска ефикасност, 20 проценти  помали оперативни трошоци и за 15 проценти  ќе троши помалку гориво од останатите во негова класа авиони. Првичната проценка за цената на овој авион е 35 милиони американски долари.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран