МАНУ потврдува бакарен потенцијал на Македонија, светските анализи предупредуваат на недостиг од металот

Од:

Во време кога светските анализи укажуваат на растечки недостиг од бакар, Македонија располага со ресурси што би можеле да имаат значајна економска вредност. Според рударскиот инвеститор Френк Џустра, светот се движи кон сериозен дефицит на бакар, бидејќи идната побарувачка ќе го надмине капацитетот на новите рудници.

Истовремено, Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, подготвена со учество на Македонската академија на науките и уметностите, ги потврдува домашните потенцијали за бакар. Најголемиот проект е Иловица-Штука, каде според геолошките истражувања се утврдени околу 410 илјади тони бакар, со можност за просечно годишно производство од над 10.000 тони.

И покрај овие показатели, Македонија засега не ги користи овие ресурси, а повеќе најавени проекти за бакар, меѓу кои Казандол и Кожуф, не беа реализирани.

Инаку, светскиот инвеститор Џустра додава дека според прогноза на финансиската куќа „JPMorgan“ следува дефицит на бакар во количина од два милиони тона до 2030 година, кој ќе се зголеми на недостиг од осум милиони тони до 2035 година. Во интервју, тој истакна дека само центрите за податоци се очекува да потрошат околу 500.000 тони бакар до крајот на деценијата. На големите наоѓалишта на бакар обично им се потребно десет, а понекогаш и дваесет години, за да започнат производство.

„Бакарот е столбот на речиси секоја електрификациска индустрија во светот“, нагласува Џустра.

Тој тврди дека конкуренцијата за ископ на стратешки минерали еволуирала од проста трговија во геополитичко ривалство.
„Светскиот поредок каков што го знаевме е мртов“, додаде инвеститорот.

Џустра потенцира дека Кина започнала да обезбедува минерални наоѓалишта во странство пред околу 25 години, додека САД и Европа ја препознале стратешката важност на критичните минерали дури во последниве години. Задоволувањето на идната побарувачка ќе зависи од откритијата што не можат да се развијат доволно брзо, што одговара на прашањето зошто повисоките цени на бакарот може да бидат единствениот преостанат механизам за балансирање на пазарот.

Финансиската групација „Macquarie“ во последните прогнози заклучува дека бакарот е „заглавен“ помеѓу оптимизмот за нови инвестиции и слабеењето на капацитетите. Според анализата, јазот денес е многу голем. Оттаму наведуваат дека бакарот се продавал за 12.000 долари за тон кон крајот на март и се искачил на над 14.000 долари кон крајот на мај годинава. Според „Macquarie“, трговците се позиционираат поради можните мерки за извоз на бакар во САД, а најверојатниот исход, како што додава финансиската институција, е континуирана неизвесност без јасно решение, со што металот ќе остане во САД и ќе го остави остатокот од пазарот под притисок.

Би можело да ве интересира

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“

Атина доби конкуренција – Софија сака да биде регионален лидер во ископот на бакар, додека Скопје ја следи битката и покрај резервите во Иловица

Проф. Димов: Новите технологии практично значат нула емисија на загадување од рудниците како што би бил „Иловица – Штука“

А1он

ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден – Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

ЕУ бара повеќе бакар, Грција одговара со нови рудници – Македонија останува на чекање

Бакарот станува стратешки ресурс, Иловица останува неискористена можност за Македонија