Акциите на “Вол стрит“ паднаа по говорот на Доналд Трамп, иако и натаму се во позитива.
Берзанските индекси во Њујорк денеска стартуваа со раст од околу 0,5 насто, но по говорот на Трамп паднаа на 0,1 до 0,2 насто.
Економскиот аналитичар Арт Хоган рече дека Трамп во говорот одлучил сосема да се сврти кон популизмт и протекционизмот, пренесе CNBC.
-Кога ќе ги споите популизмот и протекционизмот, тоа има неповолни економски последици, рече Хоган.
Акциите на Вол стрит забележаа раст по победата на Трамп во ноември, иако се предвидуваше крах во случај на негов триумф на изборите.