Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок

Од:

Макстил ја поздравува одлуката на Уставниот суд со која се поништува Законот за солидарен данок, оценувајќи дека оваа одлука е важен чекор во зачувувањето на правната сигурност и предвидливоста на деловното опкружување во Северна Македонија.

Како општествено одговорна компанија, Макстил е подготвена на разговори со Владата со цел да се најдат одржливи решенија кои нема да имаат негативни импликации врз бизнис-секторот и економскиот развој на државата. Согласно законските можности и рокови, Макстил ќе го започне процесот за барање за поврат на средствата исплатени за солидарниот данок.

Дополнително, Макстил е подготвен да ги договори со Владата и Министерството за финансии, динамиката и точниот модалитет на враќање на средствата. Сметаме дека секоја одлука што излегува надвор од законските рамки, како што беше случајот со солидарниот данок, има значителни последици врз финансиската стабилност и буџетските политики, како и врз довербата на компаниите во институциите.

Во овој контекст, Макстил верува дека е неопходен структуриран и транспарентен дијалог помеѓу Владата и бизнис-заедницата за да се изнајдат ефективни мерки за поддршка на јавните финансии, без да се наруши стабилноста на стопанството и инвестициската клима во земјата.

Остануваме посветени на одржливото работење, поддршката на економскиот раст и конструктивната соработка со институциите за креирање на стабилни и предвидливи економски политики.

Би можело да ве интересира

До дваесет пати пониски емисии на цврсти честички од максимално дозволените во Макстил

Макстил доделува годишни стипендии за студенти и за средношколци

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

Од факултет веднаш до вработување – Макстил потпиша меморандум за соработка со Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје

Предраг Петровиќ

Макстил го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектот на M6 едукативен центар и Хелветас

Предраг Петровиќ

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село: „Да ги пренесеме најважните семејни вредности за децата во кумската куќа“

A1on