(ВИДЕО) Макрадули: Струјата поскапа за да има пари за вработување кадри на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Власта се правдаше дека цената се зголемува заради зголемените трошоци за увоз на електрична енергија, но откако на 18.10 беше објавен оглас за примање на 625 лица, очигледно, зголемените трошоци за увоз не биле причина за зголемувањето на цената туку, пред се потребата да се обезбедат пари за партиски вработувања во ЕЛЕМ. Вработувањето на нови 625 партиски војници ќе значи дополнителен притисок за цената кое што ќе го плаќаат сите граѓани преку ново поскапување кое ќе ни го испорачаат по локалните избори”, вели Јани Макрадули, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Во изминативе 7 години нема ниту една нова инвестиција, освен довршувањето на Св.Петка кое траеше рекордни 7 години. Сосема е нејасно, зошто има потреба од толку нововработени во ЕЛЕМ, кога нема ништо изградено. Вообичаено, бројот на вработени во хидроелектраните е многу мал, што уште повеќе најавите за нови партиски вработувања ги прави сомнителни. Доколку, се инвестирало во автоматизација и модернизација во блоковите во Битола, сосема е нелогично да постои потреба од нови вработени”, рече Макрадули.

„И покрај ова енормно зголемување на цената, производството на ЕЛЕМ не се зголеми, единствено бројот на партиски нестручни кадри. Власта упорно молчи и нема одговор, како може со пониска цена за 82 % и помал број на вработени, во периодот 2003-2006 да се произведувало за 10 до 15 % повеќе на годишно ниво”, рече Макрадули.

Би можело да ве интересира

Реакција од ВМРО – ДПМНЕ на соопштение на СДСМ

Петрушевски: СДС да се охрабри да ја признае својата сервилност кон ДУИ, и за тоа да се извини на граѓаните

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

СДСМ: Платите стагнираат, трошоците за живот растат – ДПМНЕ ги осиромашува граѓаните

(ВИДЕО) Демири: ДУИ треба конечно да излезe од националистичкот филм

СДСМ: Десетина милиони евра се извлечени од џебовите на народот од страна на големите трговци