Макрадули: Иванов е соучесник во контроверзната спогодба за гасоводниот крак

Од:

СДСМ потсети дека пред некој ден јасно укажале како пратеничка група, на низа незаконски одредби во Спогодбата за планираниот гасоводен крак од јужниот тек, неколку одредби се спротивни на домашното законодавство и на европските стандарди и политики.

Но, парламентарното мнозинство, посочува СДСМ, остана глуво на аргументите од опозицијата, а претседателот Иванов без да вложи многу труд, го потпишал указот за оваа ратификација.

„Денес, потврдата на нашите тези стаса од најкомпетентните, Европската енергетска заедница, која:

-изразува загриженост за усогласеноста на Меѓувладината спогодба за планираниот природен гас, со acqui-то на Енергетската заедница“, рече Јани Макрадули.

Секретаријатот смета дека Меѓувладината спогодба не е во согласност со правилата на Спогодбата на Енергетската заедница, кои се однесуваат на распределување на трошоците, пристап на трети страни и утврдување на тарифата.

Секретаријатот бара од Владата на Република Македонија да ги достави своите коментари и објаснувања кои се однесуваат на овие забелешки до 14 октомври 2013 г.

Затоа, рече Макрадули, СДСМ бара :

-Владата да го достави на јавноста одговорот до енергетската заедница;

-Владата веднаш да го објави договорот помеѓу Стројтрансгас и Македонски енергетски ресурси, кој да потсетам како одговор на мое пратеничко прашање е таен и од доверлив карактер.

Ова, рече, го бараат зашто ист таков договор после објавувањето во Србија ја покажа целата мрежа на корупција и матни зделки поврзани во процесот на договарање за гасификација.

„Претседателот Иванов да се изјасни, дали ги имал предвид сите укажувања на експертите од Европа и домашната јавност пред да го потпише указот? Бидејќи со потпишувањето на указот станува соучесник во оваа контраверзна ратификација“, изјави Макрадули.

Би можело да ве интересира

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он

(ВИДЕО) СДСМ: Кумот на Максим Димитриевски со поддршка на ДУИ си спечали 350.000 евра

СДСМ: Нови ценовни шокови за граѓаните, власта нема решение

(ВИДЕО) Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет и никој не може да ни го одземе

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ако Делчев кажал дека сме поделени како нација, ние тоа го сведочиме и денес, повеќе од еден век подоцна

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?