Македонското возило привлече внимание на улиците на Будимпешта: Green Machines чисти снег кај Будимската тврдина

Од:

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.

Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.

Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.

Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.

Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.

Би можело да ве интересира

ГРИН МАШИНС СО МОТОТО „GREEN FORCE“ ГИ ПРЕТСТАВИ СВОИТЕ ЕЛЕКТРИЧНИ МОДЕЛИ НА ECOMONDO 2025 ВО РИМИНИ

БРАКО-50 македонски комунални возила на улиците на Ријад

БРАКО донираше ЕКГ во болницата во Велес

Предраг Петровиќ

Бугарски Несебар ќе го одржува чист стариот град со електрична машина на ГМ на БРАКО

Горан Наумовски

Грин Машинс на БРАКО на саем во Мексико Сити

Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев

А1он