Македонско слатко со автентичен дизјан

Од:

Домашното македонско слатко е првиот национален производ што ќе добие автентичен дизајн, најави денеска Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“. Во проектот ќе бидат вклучени компаниите преработувачи на овошје и дизјанери до 28-годишна возраст.

Целта на иницијативата која се реализира во соработка со Skopje design week и Македонската асоцијација на прерабтувачи, е да се поттикне креативниот потенцијал кај младите луѓе, но и создавање бренд како потврда за квалитетот на производот и негова препознатливост на пазарот.

– Македонија е земја на креативни и топли луѓе, млади кадри кои можат да ја изразат својата внатрешна идеја преку слика, земја на прекрасни производи на кои им недостига додадена вредност која, пак, може да се постигне со соодветно брендирање преку кое ќе станат препознатливи на домашниот пазар, рече на прес-конференција Ангелка Пеева Лауренчиќ од Движењето „Браво сине!“.

Проектот, подвлече, нема комерцијален аспект, напротив, е во насока на негување на убавото, естетиката, кои даваат пооптимистички поглед на светот независно како изгледаат работите во одреден момент. Идејата произлезе од мисијата и визијата на Лауренчиќ кој  го посвети својот живот на креативноста.

– Нашето мото е да се доближи креативноста до македонските компании преку конкретни проекти, бизнисот да се поврзе со дизјанот, да се даде пример како се градат македонски брендови, напомена Марта Наумовска Грнаровска, програмски директор на  Skopje design week.

Пеева Лауренчиќ и Наумовска Грнаровска се децидни дека квалитетот, цената и дизајнот се клучни за добар производ и сигурен пласман. Големите брендови, потенцираа, се производи на чија приказна постојано се работи. Ако во тоа се вклучат сите сегменти, успехот е неизбежен.

– Во македонските традиционални производи постојат многу приказни. Некои веќе се раскажуваат на вистински начин, но слаткото, кое е оригинално и има голем потенцијал, се уште не е соодветно претставено, рече Наумовска Грнаровска.

Повикот за пријавување на компаниите производители е распишан денеска и ќе трае до крајот на неделата. Пристигнатите апликации ќе ги разгледа стручно жири, а по изборот, најдоцна идниот месец, ќе следи и распишување конкурс за млади дизјанери.

Најдоброто дизјанерско решение ќе биде објавено на Skopje design week што ќе се одржи од 23 до 28 септември. Предвидена е награда од 200.000 денари кои авторот може да ги користи за натамошно школување или набавка на опрема потребна за следни креативни идеи. Избраната компанија, пак, ќе има обврска да го пласира слаткото со новиот дизјан.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски