Македонскo-бугарско-романски бизнис форум во Софија

Од:

Околу стотина компании од дрвопреработувачката и од прехранбената индустрија, информатичките и телекомуникациските услуги, туризмот, машинската индустрија и енергетската ефикасност од Македонија, Бугарија и Романија денеска присуствуваа на бизнис форум што се одржа во Софија.

На состанокот претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски во своето обраќање укажа на неопходноста од брз економски развој меѓу Македонија и Бугарија што според него ќе придонесе за интензивирање и унапредување на билатералните и пријателските односи.

– Македонско-бугарската стопанска комора иницираше воспоставување нова и евтина авио-линија од Охрид и Скопје кон Варна и Бургас. Исто така, предлагаме реализација на средба на туристичките асоцијации и туреператори од двете држави, пред стартот на сезоната, рече Темелковски.

Македонско-бугарската стопанска комора денеска информираше дека нивната делегација за време на престојот во Софија ќе оствари средба и со претседателот на Бугарската стопанска комора Божидар Данев и заменик претседателот на Трговската Промишлена Палата, Ѓорги Стоев.

На средбите ќе бидат иницирани предлози за зајакнување на деловните врски и на заедничките проекти за подобрување на инфрастуктурните врски околу коридорите 8 и 10, за кои Македонско – бугарската стопанска комора ќе предложи третман на јавно-приватно партнерство и финансирање од меѓународни институции и банки.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени