Македонскиот пазар е стабилен, има доволни количини на квалитетни и безбедни конзумни јајца

Од:

Во врска со актуелната побарувачка на конзумни јајца во периодот пред Велигден, Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Северна Македонија ги информира граѓаните дека македонскиот пазар е стабилен и снабден во доволни количини квалитетни и безбедни конзумни јајца.

Како што информираат денеска од Стопанската комора на Северна Македонија, како традиционален производ кој е дел од Велигденските обичаи, јајцата се достапни во доволни количини во трговските мрежи, пазари и фармерски продавници.

Во просториите на Комората вчера се одржала работна средба помеѓу компаниите од овој сектор, членки на Комората и претставници на ресорното министерство предводени од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

-Најголемите производители и извозници на јајца најавија активна соработка со дистрибутерите и трговците со цел да се задоволи зголемената побарувачка во овој период од годината, а притоа цените да останат на конкурентно ниво, во согласност со пазарните трендови. Ресорното министерство и надлежните институции ги следат состојбите и се подготвени да преземат мерки доколку се јави потреба од дополнителна стабилизација, велат од Комората.

Оттаму ги потсетуваат потрошувачите да внимаваат при купувањето – да ја проверуваат трајноста и потеклото на јајцата, како и да ги поддржат локалните производители.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Државниот врв на Велигденски ручек

А1он

Римокатолиците го слават Велигден

Горан Наумовски

Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници – празници предвесници на Велигден

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Почнува Велигденскиот пост