Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Од:

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со гигабитни оптички брзини и со ексклузивни попусти во Magenta Moments.

 

„Ова  не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и комбинирано со многу поволности и попусти. Верувам дека овој чекор ќе направи промена на пазарот и позитивно ќе влијае на задоволството на корисниците, што е наша примарна цел“ – изјави Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

 

Емилија Андоновски, Главен директор за приватни корисници, изјави: „Ние не сме само телекомуникациски оператор, туку партнер којшто сака да им понуди вистинска вредност на корисниците и да им овозможи позитивни искуства. Целта ни е да дадеме повеќе и да го направиме самото искуство на поврзување едноставно, какво што и треба да биде во дигиталното време: со сѐ што треба вклучено и неограничено и многу повеќе од тоа“.

 

Новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited ги вклучува и приватните и деловните корисници и овозможува:

 

Неограничен интернет за сите – сите тарифи имаат неограничен сообраќај за целосна слобода во комуникацијата (интернет, СМС и разговори) и корисниците не мора да се грижат за тоа колку трошат.

 

Роаминг како дома – со новото портфолио, веќе нема грижа за роаминг затоа што е вклучен во сите тарифи (15 GB во Extra тарифата), за корисниците да останат поврзани исто како дома кога патуваат во повеќе од 60 земји во светот.

 

Гигабитни брзини – преку супериорната оптичка мрежа на Телеком, со новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited, гигабитните брзини стануваат достапни за сите корисници коишто можат да уживаат во квалитетот и брзината на најбрзата мрежа во Македонија.

 

Ексклузивни Magenta Moments попусти – покрај сите редовни понуди од Magenta Moments, корисниците на новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited ќе добиваат ексклузивни попусти само за нив, со кои  ќе можат да заштедат над 600 денари месечно по линија.

 

Супер Wi-Fi секаде – со WiFi booster, корисниците добиваат беспрекорен интернет насекаде во домот. Уредот овозможува силен и стабилен сигнал во секое ќоше од домот и го прави интернет-искуството беспрекорно и безгрижно.

 

Новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited е креирана според потребите на корисниците во дигиталното време, коишто бараат искуство без грижи, едноставно и непречено поврзување, стабилност и големи брзини, како и дополнителна вредност. Токму тоа го овозможува овој нов комуникациски концепт, којшто е прв од ваков тип на пазарот.

Повеќе информации на: https://www.telekom.mk/magenta1-unlimited и https://www.telekom.mk/magenta1-business-unlimited.

Македонски Телеком

[email protected]

 

 

 

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции

One Macedonia и Ericsson потпишаа договор за развој на најсовремена 5G мрежа