Македонски производи во Индонезија

Од:

Извршниот директор на Македонскиот совет за надворешна трговија Азија – Пацифик, Владимир Кофчегарски, на средба со претставници од Стопанската комора на Индонезија, се договори, 20 македонски производи, кои имаат Халал Сертификат да се тестираат во наредните денови во еден од најголемите синџири на супермаркети во Индонезија.

Оваа посета се одржи со цел да се продолжи она што го започна Министерот за надворешни работи Никола Попоски, од страна на македонската влада. Нашата примарна цел е намалување на трговскиот дефицит, а воедно и презентација на Македонија како поволна инвестициска дестинација за индонезиските компании, како и промоција на туристичките потенцијали на нашата земја – изјави Кофчегарски.

Индонезија претставува економски лидер во Југоисточна Азија со годишен раст од 6,8% и популација од 250 милиони жители. Растот на економијата се должи на државната интервенција, каде 160- те корпорации во сопственост на државата, претставуваат основа на индонезиската економија.

Покрај состанокот со Стопанската комора, Македонскиот совет за надворешна трговија имаше одделни средби со неколку клучни инвеститори кои се заинтересирани за влез во Европа преку Македонија.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана