Македонски Квалитет 2023 : Македонските успешни компании се нашите најдобрите амбасадори

Од:

Десет компании кои според строгите критериуми се квалификуваа и ги исполнија овие услови преку нивните преставници денес го добија
престижното Признание ,,Македонски квалитет 2023,, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори под покровителство на Претседателот на P.С. Македонија, г-дин Стево Пендаровски.

Свечениот настан се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, а признанијата гидоделија претседателот г-дин Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори г-дин Трајан Ангелоски.
Во согласност со воспоставените критериуми, добитници на годинешните признанија за„Македонски квалитет 2023 “ се компаниите: ,,Виталиа Никола и др,, ,,Винарија Милев ,, ,, Бучен Козјак ДОО,, ,,Рикомак,, ,,Сигма СБ,, ,,Еуро Консалт Плус,, ,,Кав Комерц,, ,,Агриа – Агроиндустриска Групација Велес,, ,,Центар за очи – Визиа,, и Билкилајф- центар за хербализам,туризам и одржлив развој.

,,Овие претпријатија не само што не отстапија од својата посветеност на квалитетот, туку креираа своја специфична препознатливост во својот сектор и допридонесоа и за повисок економски раст и промоција на нашата економија со нивната препознатливост да креираат квалитетни производи и услуги .Малите и средни претпријатија играат единствена, активна и круцијална улога во економскиот развој, иновациските процеси, технолошките достигнувања и подобрувањето на целокупниот амбиент како и целокупното ниво на нашата економија. Тие на најдобар можен начин ја претставуваат енергијата на претприемачкиот дух и во суштина го стимулираат економскиот развој,,истакна Трајан Ангелоски претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Денес избраните компании докажаа дека можат зацртаните и поставените цели да ги реализираат ,се со цел на постигнување на мисијата, и со
вградување на промени и дополнувања допринесоа во одредувањето на идните насоки на развој на бизнисот. Овој приоритет подразбира зголемување на продуктивноста,подигнување на конкурентноста на економијата, масивно вложување во иновациите и технолошкиот развој , за кои денес избраните издвоени компании се веќе препознатливи на пазарот.

Би можело да ве интересира

ССК: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ѓорѓиевски: Да им се помогне на земјоделците за пченицата, производната цена е двојно повисока од пазарната

Сојузот на Стопански комори на Македонија и Македонска берза АД заеднички го поддржуваат бизнис секторот со инвестициски проекти

Ана Ололовска

Собранието на Комора на геодети усвои Декларација за унапредување на геодетскиот сектор

Ана Ололовска

ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ е еден од добитниците на престижното признание за Македонски квалитет за 2022 година

Сашо Дукоски е избран за нов претседател на Трговска комора

Ана Ололовска