Македонски компании во посета на Германија за користење на обновливи извори на енергија

Од:

Претставници на македонски компании од градежниот сектор престојуваа во тридневна посета на Берлин каде што се информираа за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во објекти.

Посетата ја организираше Германската стопанска комора во Македонија во соработка со Министерството  за економија и енергетика на Сојузна Република Германија.

Целта на патување на 18-те претставници од македонските комапнии, е запознавање со современите технологии кои се користат при изградба на нови објекти, но пред се при санација на постоечки објекти и санација на цели станбени населби.

На делегацијата, покрај можностите кои се нудат со применувањето на користење обновливи извори на енергија во високо комплексни објекти, им  се претставени и преземените мерки  од страна на германската Влада за заштита на животната средина при изградба и санација на објектите.

Делегацијата, како што соопшти Германската стопанска комора, го посети научниот парк Адлерсхоф и Универзитетот Хумболд во Берлин. Адлерсхоф претставува еден од 15-најголеми научни паркови во светот, а воедно е и најважен центар за научен, стопански и медиумски развој на ниво на покраината Берлин- Бранденбург.

При посетата на Универзитетот Хумболд  се презентирани невообичаени проекти на еколошко градење на градови. Фокусот на овие проекти е ставен на  децентрализираното управување со дождовница, градење со позеленување на објекти како и ладење на објекти.

Според Марија Радевска од Германската стопанска комора во македонија ова беше исклучително важна посета за компаниите од Македонија, бидејќи се стекнаа со нови сознанија за енергетски ефикасно градење на објекти.  Берлин е одличен пример со оглед на тоа дека половина град е изграден со станбени блокови од времето на ДДР кои со децении не биле санирани.  Сега дури 90 отсто од тие објекти се санирани со примена на енергетски ефикасно градење. Финансирањето е преземено делумно од станарите, а делумно од државата.

Делегацијата го посети и центарот  за обновливи енергии Херман Шер, како и зградата во состав на истиот која е со нулта емисијан и Паул- Вундерлих-Хаус  (Paul-Wunderlich-Haus), која во моментов е енергетски најефикасната зграда на јавната администрација во Германија.

Би можело да ве интересира

Пазар на електрична енергија: Оние кои го разбираат пазарот – и се подготвени да иновираат – ќе водат

Јордан Димитровски избран за Претседател на Управниот одбор на МАСИТ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 16.05.2025 изнесува 89 евра за мегават час, на МЕМО 92,88 евра за мегават час

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ