Македонија со намален кредитен рејтинг

Од:

Кредитната агенција Standard & Poor’s, за едно ниво го намали кредитниот рејтинг на Македонија.

Оваа агенција смета дека од започнувањето на глобална­та финансиска криза, транспарентноста на македонски­те јавни финансии опаѓа, како и дека шансите за некаков позначаен економски раст се ослабени.

Според наше мислење, политичките институции на Македонија се засилено ослабени поради тоа што има неадек­ватни контролни механизми. Поради ова, се зголемуваат скриените трошоци на јавните инвестиции. Предвидуваме дека инвестирањето во непродуктивни добра ќе влијае врз потенцијалните можности за растеж на Македонија. Сметаме дека бизнис-климата е добра за големи странски инвеститори, но помалку охрабрувачка за домашните ма­ли и средни компании.

Помеѓу септември 2012 и февруари 2013, Владата договори надворешно задолжување, де­лумно за да ги исплати акумулираните долгови и да го врати ДДВ-то на компаниите. Според наше мислење, пос­тои ризик за кусок во приходите во текот на 2013 и натамошна акумулација на владините долгови, особено ако има пречекорување на трошоците”, се вели во извештајот на “Стандард и Пурс” објавен вчера.

Агенцијата смета и дека настаните од 24 декември лани, кога опозицијата беше исфрлена од Собранието во деба­тата за зголемените владини задолжувања, и натаму ќе ги комплицираат изгледите на Македонија за евентуален влез во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана