Македонија со најниска просечна плата во регионот

Од:

Највисоката просечна плата во регионот, според најновите податоци, во изминатата година беше во Словенија, 1.020,40 евра, а најниска во Македонија, само 363,80 евра (22.460 денари).

Просечната плата во Хрватска изнесувала 749,70 евра (5.642 куни), во Црна Гора 503 евра, во Босна и Херцеговина 428 евра и во Србија 369,70 евра.

И покрај тоа што просечната плата во Словенија од 1.020,40 евра, според податоците за октомври минатата година, беше најголема во регионот, сепак, е за 15,2 евра помала во однос на претходната година во Словенија, кога изнесувала 1.035,60 евра.

Во Македонија, како најниска во регионот, просечната плата е за 9,20 евра е помала споредбено со крајот на 2015 година и на почетокот на минатата година, или 373 евра.

Намалени се и просечните плати во Босна и Херцеговина за 2,5 евра и Хрватска за 12,3 евра.

Би можело да ве интересира

Измамник прелажал двајца мажи, одзел пари и автомобил

Горан Наумовски

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

Во декември ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија