Македонија се задолжи со 36.4 милиони евра од Заемот за развојни политики за конкурентност финансиран од Светска банка. Според Министерството за финансии, овие средства се добиени „за успешно спроведување на реформите и развојните политики на Владата за подобрување на деловната клима и конкурентноста“.
-Позначајни реформи поддржани со овој заем се: развојот на производство со висока додадена вредност преку привлекување инвестиции, олеснување на преструктуирањето на земјоделскиот сектор, подобрувањето на ефикасноста на трговската размена со странство, поголема флексибилност на пазарот на труд и развој на вештини и иновации, се наведува во соопштението на Министерството за финасии.
Според Министерството доделувањето и на втор заем е потврда за довербата на Светска банка во квалитетот на економските политики во Република Македонија.